• петок, 22 ноември 2024

Загрепчанец фотографираше пример за човечност кон оние што не ги познаваме

Загрепчанец фотографираше пример за човечност кон оние што не ги познаваме
Загреб, 30 август 2021 (МИА) - Еден жител на Загреб од неговиот прозорец сними случка што ги воодушеви неговите пријатели и корисниците на Фејсбук. „Недела е. Врне. Секој што може - е в кревет. Некој ги оставил отворени двата прозорци во автомобилот. Не се знае кој... А, оваа жена наишла, веројатно од пекарницата... Праша неколку од малкуте минувачи и соседи дали знаат чиј е овој автомобил. Никој не знаеше. Таа замина. Но, се врати за 5 минути и ги залепи страничните прозорци за дождот да не ја навлажни внатрешноста. Колкумина од нас се подготвени да направат вакво нешто за некој друг?“, праша загрепчанецот покрај фотографијата од настанот. „Секоја чест од госпоѓата“ - се сложија дел од луѓето со него. „Таа не го спаси светот од глад и војни, но ова е чекор во вистинската насока... Затоа што, како што рече американскиот адмирал Мекрејвен - ако сакате да го смените светот, почнете да си го поправате својот кревет...“, заклучи човекот под сликата.  си/

Остани поврзан