• петок, 05 декември 2025

Загина мотоциклист во село Штука, Струмичко

Загина мотоциклист во село Штука, Струмичко

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) - Мотоциклист од село Иловица, ноќеска, 15 минути пред полноќ, загинал во сообраќајка која се случила во село Штука, Струмичко.

МВР соопшти дека 33 - годишен маж управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

-Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица, се наведува во соопштението.

Од полицијата информираат дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. бк/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан