• понеделник, 01 јули 2024

Загадена водата од чешмите во тетовско Бањиче

Загадена водата од чешмите во тетовско Бањиче

Тетово, 20 јули 2021 (МИА) - Загадена е водата во месноста Бањиче во Тетово. Од Центарот за јавно здравје Тетово, известуваат дека на двете чешми водата не е микробиолошки исправна. Од таму апелираат деновиве да не се полни вода во шишиња и да не се пие сè додека не известат за исправност на истата.

Имено, на првата чешма минералната вода има колиформни бактерии и ешерихија коли, што е индикатор на фекално загадување. Иако се во мал зголемен број, сепак не смее да ги има во водата која се пие. Додека, во втората чешма, под металниот мост има само колиформни бактерии, информира доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија.  

Месноста Бањиче е место за одмор, рекреација и прошетка, но е позната и по изворите на минерална вода, која граѓаните често ја користат за пиење. ас/ар/

Остани поврзан