Завршува вториот дел од реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“ во Капиштец
- Општина Центар го завршува и вториот дел од улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец.
Скопје, 14 септември 2021 (МИА) - Општина Центар го завршува и вториот дел од улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец.
Како што информираат од општината, со реконструкцијата целосно се уредува коловозот, на површина од вкупно 11.542 метри квадратни, а опфатени се и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите.
Воедно покрај коловозот, на „Народен Фронт“ се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и поголема безбедност, се воведува резидентно паркирање за станарите и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување.
По завршувањето на градежните активности на вториот дел, ќе започне третата и финална фаза која ќе биде готова на почетокот на октомври.свс/са.