• недела, 22 декември 2024

Завршна годишна изложба во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“

Завршна годишна изложба во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) -  Во Средното училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ отворена е традиционалната Годишна завршна изложба на учениците, која овој пат беше збогатена и со модна ревија.

Петнаесет ученици од Одделот за текстил и облека, под менторство на професорката Елена Вангеловска, се претставија на црвениот тепих со свои уникатни креации.

На отворањето на изложбата на 9 јуни, учениците се претставија и со своите слики, скулптури, графики, мозаици, ентериени решенија, цртежи, фотографии, но и видео и анимациски форми на изразување, а атмосферата беше надополнета со настапот на THE BACKDOOR BAND.

Изложбата за посетителите ќе биде отворена до петок, 16 јуни, во периодот од 9 до 18 часот. дма/аа/

Остани поврзан