Заврши реконструкција на патот до пробиштипското село Лесново
- Заврши реконструкција на патот до селото Лесново, а во периодов што следи ќе се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација со што целосно ќе заврши овој проект, информираше градоначалн
Пробиштип 25 јули 2022 (МИА) - Заврши реконструкција на патот до селото Лесново, а во периодов што следи ќе се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација со што целосно ќе заврши овој проект, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.
Тој додаде дека со реконструкцијата на патниот правец значително се допринесува за поголема безбедност во сообраќајот.
-Општина Пробиштип работи за подобра инфраструтура за сите населени места во неа, со овој проект ги подобруваме условите за развој на туризмот во нашиот репрезент - Лесновскиот манастир, пештерите, вулканските карпи, можност за подобра пристапност до патеките за планинарење и велосипедизам, додаде Анастасов.
Проектот е финансиран од Министерство за транспорт и врски, а го реализира Јавното претпријатие за државни патишта.вдј/бт/