• понеделник, 23 декември 2024

Заврши поставувањето енергетски-ефикасна фасада на средното кумановско училиште „Наце Буѓони“

Заврши поставувањето енергетски-ефикасна фасада на средното кумановско училиште „Наце Буѓони“
Куманово, 18 ноември 2021 (МИА) - Заврши поставувањето енергетски ефикасна фасада во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ Куманово и реконструкција на покривот на работилницата, каде се изведува практичен дел од наставата, информираа денеска надлежните од училиштето. - Со завршување на фасадата очекуваме значително да се подобрат условите за изведување на наставата и заштеда на енергијата, да добиваме помали сметки за греење, и подобри услови за известување на наставата, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски. Неодамна, училиштето со сопствени средства набавило и компјутерска опрема за осовременување на наставата. Лани, средното стручно училиште „Наце Буѓони“ од Куманово набави училиштен мебел за кабинетска настава, за што беа одвоени над 500.000 денари. Во училиштето, неодамна заврши партерното уредување околу училишната зграда, игралиштето и новоизградената спортска сала, заменета е и надворешната столарија, прозорци, поставена беше и инсталација за греење во работилницата. Со средства од МОН претходно беше изградена спортска сала. Во зградата на поранешен „ЗИК“ беа реновирани кабинети каде настава следат ученици од машинска струка на албански наставен јазик, Ова училиште продуцира кадри за потребите на реалниот сектор, а настава следат приближно 2.000 ученици. ам/цр

Остани поврзан