• петок, 22 ноември 2024

Заврши надворешната реконструкција на Задружниот дом во кумановското село Пчиња

Заврши надворешната реконструкција на Задружниот дом во кумановското село Пчиња
Куманово, 28 јуни 2022 (МИА) - Заврши надворешната реконструкцијата на објектот на Задружниот дом во кумановското село Пчиња, информираа денеска надлежните од општината. Проектот се реализира преку Центарот за развој на североисточниот плански регион во партнерство со Историски музеј од Дупница, по програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, заедно со ЕУ и Министерство за локална самоуправа.
-Задружниот дом во село Пчиња го добива својот нов лик, активно се работи на внатрешноста на објектот, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Реконструкцијата и опремувањето на Задружен дом во село Пчиња, објект од двесте метри квадратни треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура, како дел од проектот „Светлина од минатото“.
На приземјето ќе се сместат инфоцентарот за посетители (мапи за движење низ клисурата, информации за туристички услуги кои се нудат), галериски простор за презентација на културно и природно наследство, додека на катот се наоѓаат вториот кат ќе има канцеларии – административен простор на објектот.
Проектот, лани  го промовираа претставниците на општината и на Министерството за локална самоуправа. Со реализацијата се очекува општината и регионот, значително да ги збогатат содржините на локалитетот Бислимска клисура, кој прераснува во туристичка атракција. Бислимската клисура, иако мала по должина од само седум километри стана вистинска атракција за домашни и странски гости. Сместена е на околу пет километри од Куманово од вливот на Кумановска река до селото Пчиња. На овој простор егзистираат преку 1.100 растителни видови на виши растенија, големо богатство на нижи растенија. Мистичното место за кое се врзуваат бројни легенди стана викенд хит дестинација за младите и рекреативците за време на пандемијата, а сега е често посетувана од домашни и странски гости и особено од љубителите на адреналински спортови. ам/дма/

Остани поврзан