• четврток, 22 август 2024

Заврши едукативниот младински камп во Делчево

Заврши едукативниот младински камп во Делчево

Делчево, 19 јули 2023 (МИА) - Во Делчево заврши тридневниот младински едукативен камп кој го организираше Општинската организација на Црвен крст во соработка со Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево. Во рамки на тридневниот камп се одржаа повеќе едукативни предавања на тема „Ментално здравје“, на кое свои предавања имаа специјалисти во своите области.

- На дел од работилниците присуствуваа и гости од клубовите на млади при ООЦК Кочани и ООЦК Штип, а предавањата беа одржани од страна на специјалист по психијатрија д-р Билјана Ѓеоргиевска,  дипломиран шумарски инжинер и лиценциран водич од областа на планинарството Љупчо Чучуковски и обучени врснички едукатори Магдалена Георгиевска и Симона Ќурчиска, како и јога инструктор - Симона Димитровска, информираа од Црвен крст Делчево.

Во рамки на кампот се одржаа и неколку планинарски маршрути со лиценцираниот планинарски водич и претседател на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски.

- Посетени беа неколку локации со свои карактеристики, а се со цел да им се укаже на младите колку физичкото здравје игра улога во подобрувањето на менталното здравје, истакна Чучуковски.

Од Црвен крст Делчево се заблагодарија за сите поддржувачи и помагатели, како и подрачното училиште „Св. Климент Охридски“ во делчевското село Вирче, каде беше лоциран младинскиот камп. вс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан