• понеделник, 23 декември 2024

Завршен настан за твининг-проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба"

Завршен настан за твининг-проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба
Скопје, 30 март 2021 (МИА) - Завршен настан за твининг-проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба" ќе се одржи денеска преку платформата Зум. Твининг-проектот финансиран од ЕУ се имплементираше во соработка со Фондацијата за меѓународна правна соработка од Германија и Центарот за меѓународна правна соработка од Холандија, а главен корисник беше Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда. Од Министерството за правда информираат дека на настанот ќе се обратат ресорниот министер Бојан Маричиќ, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ,  Џулијан Васало, амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн и амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп. За постигнувањата на проектот ќе говорат директорот на Управата за извршување на санкциите, Марјан Спасовски и лидерот на проектот, Петар Шерер. Предвидена е и презентација за достигнувањата на проектот од страна на претставници на Управата за извршување на санкциите, судии и обвинители, директори на затворите, пробациски службеници и претставници на Академијата за судии и јавни обвинители. фф/лв/

Остани поврзан