• понеделник, 23 декември 2024

Завршен концерт од манифестацијата „Today it’s all about jazz vol. 4“

Завршен концерт од манифестацијата „Today it’s all about jazz vol. 4“
Скопје, 11 ноември 2020 (МИА) - Во малата сала на Македонската филхармонија вечерва ќе се одржи финалниот концерт од манифестацијата „Today it’s all about jazz vol. 4“, која годинава поради актуелната ситуација со ковид, се одржуваше етапно, преку неколку концертни вечери. На сцената ќе се појават два музички состави, сосема различни, но уникатни, по својот состав и музички израз, а онлајн настап ќе има уште еден музички состав. Баритонот Џон Илија - Апелгрен, придружуван од „Мартин Ѓаконовски Трио” и специјалниот гостин Кире Кузманов на алт саксофон/флејта, се првите музичкари кои ќе се претстават на сцената на Македонската филхармонија.  Тие пред публиката ќе го изведат материјалот посветен на американскиот џез пијанист Nat King Cole. Џез составот „Мартин Ѓаконовски Трио“ го сочинуваат: Мартин Ѓаконовски - бас, Гордан Спасовски – пијано и Славчо Коцев-тапани. Од друга страна, D.S.H. (Diamond Shaped Heart) е современ џез бенд составен од четворица млади и амбициозни музичари кои со својот деби албум веќе имаат остварено неколку настапи низ Македонија. Нивната музика се карактеризира со спокојност, богата и воодушевувачка хармонија и разиграност во ритамот и мелодиите. Групата ја сочинуваа ИванПетровски - гитара Филип Димишковски - клавијатури, Дејан Митровиќ - контрабас/бас гитара, Виктор Филиповски–тапани, а како специјален гостин ќе настапи вокалистката Полина Тасева. Третиот и последен концерт од манифестацијата Today It’s All About Jazz кој ќе биде емитуван онлајн, во живо од малата сала на Македонска филхармонија преку FB страната на ЗЏМ, со почеток од 22 часот, е концертот на македонската џез група Skopje Jazz Inc. Групата е формирана во 2018 годин, а нејзини членови се Трајче Велков (труба), Горан Гешоски (бас-гитара), Зоран Костадиновски (гитара) и Виктор Филиповски (тапани). бак/дма/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан