• петок, 22 ноември 2024

Завршена фекалната и атмосферска канализација во месноста „Опитно поле“ Кавадарци 

Завршена фекалната и атмосферска канализација во месноста „Опитно поле“ Кавадарци 
Кавадарци, 22 февруари 2022 (МИА) - Завршена е фекална и атмосферска канализација, како и водоводна линија во месноста Опитно поле,  на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Ова е целосна инвестиција на општина Кавадарци, во висина од 2.400.000 денари, а изведувач е „Ќану компани“ од Скопје. Редовно се инвестира како во урбаните, така и во руралните средини од општината, соопштија од кабинетот на градоначалникот. Оттаму додадоа дека во текот на денот, беше реализирано и чистење на дива депонија во населба Глишиќ. свд/аа/

Остани поврзан