• понеделник, 23 декември 2024

Заболени од Ковид 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија, нема застој во работењето

Заболени од Ковид  32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија, нема застој во работењето

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) - Во моментов 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија се заболени со Ковид-19, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Двајца од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а еден техничар е хоспитализиран на Клиниката за кожни болести.

-Работењето на Клиниката за нефрологија се одвива регуларно и нема никаков застој во извршување на тековните обврски. За сите кои отсуствуваат има дополнителен кадар кој го надополнува отсуството, посочуваат од Министерството. рп/нд/

Остани поврзан