• понеделник, 23 декември 2024

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

Тетово, 31 мај 2023 (МИА) - ЖФК Љуботен Тетово стана првак во женското македонско фудбалско првенство по денешното последно 22. коло во кое на домашен терен одиграа нерешено 1:1 со второпласираната екипа на ЖФК Каменица Саса.  

 

Тетовските фудбалерки со овој нерешен резултат освоија вкупно 54 или три повеќе од директните конкурентки ЖФК Каменица Саса кои останаа на второто место со 51 бод.

 

ЖФК Љуботен поведе во 40. минута со голот на Бразилката Харуми Гоја, додека гостите израмнија со погодок во 76. минута.

 

Годинава ЖФК Љуботен ги освои двете фудбалски титули и ја одбрани титулата од минатата година. Фудбалерките кои ги предводи тренерот Ивица Радоњиќ на 16 мај  го освоија Купот на Македонија со победа над ЖФК Каменица Саса со 4:0. ас/зс/

 

фото МИА

Остани поврзан