• петок, 28 јуни 2024

Жрепка за завршницата во европските купови денеска во Нион

Жрепка за завршницата во европските купови денеска во Нион

Нион, 17 март 2023 (МИА) – Жрепката со која ќе бидат одредени паровите за четвртфиналните и потенцијалните полуфинални дуели во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига ќе се одржи попладнево во седиштето на УЕФА во Нион.

Програмата започнува во 12 часот кога на распоредот е жрепката во елитното европско клупско натпреварување, по што следуваат ждрепките во Лига Европа, од 13 часоти во Лигата на конференции од 14 часот.

Првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони се на програмата на 11 и 12 април, а реваншите на 18 и 19 април, додека четвртфиналните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига ќе се играат на 13 и 20 април.

Финалето во Лига Европа ќе се игра на 31 мај во Будимпешта, финалето во Конференциската лига на 7 јуни во Прага, додека финалниот натпревар во Лигата на шампиони е на програмата на 10 јуни во Истанбул.

Лига на шампиони, четвртфиналисти: Интер, Наполи, Челзи, Манчестер сити, Бенфика, Баерн Минхен, Реал Мадрид.

Лига Европа, четвртфиналисти: Севиља, Јувентус, Манчестер јунајтед, Феенорд, Унион Сент-Жил, Баер Леверкузен, Рома, Спортинг.

Лига на конференции, четвртфиналисти: Гент, Фиорентина, Лех Познањ, Аз Алкмар, Вест Хем, Ница, Андерлехт, Базел. ег /сд/

Остани поврзан