• понеделник, 23 декември 2024

Жордан Бардела избран за лидер на Национален собир

Жордан Бардела избран за лидер на Национален собир
Париз, 7 ноември 2022 (МИА) – Партијата Национален собир на 5 ноември избра наследник на Марин Ле Пен, со цел да го поправи имиџот и да ги привлече младите гласачи, додека досегашната лидерка ќе задржи значителна моќ внатре во партијата. За наследник на Ле Пен е избран 27-годишниот европратеник Жордан Бардела. Тој на партиското гласање доби 85 отсто од гласовите. Бардела вети дека ќе ја заштити француската култура од наводната закана од имиграцијата. Тој ги потенцира своите италијански имигрантски корени на своето семејство и гордоста што станал Французин и јасно истакна дека не се добродојдени сите странци. Првпат во 50-годишната историја на Национален собир, на чело на партијата ќе биде некој што не се презива Ле Пен. Марин Ле Пен останува извор на вистинска моќ во партијата и најверојатно ќе биде нејзин кандидат на следните претседателски избори во 2027 година, за сега таа ќе се фокусира на водење на партијата во Парламентот, каде што има рекордни 89 пратеници. ми/

Остани поврзан