• недела, 22 декември 2024

ЖКК Бадел не се согласува рангирањето при распределбата на спортските ваучери

ЖКК Бадел не се согласува рангирањето при распределбата на спортските ваучери
Скопје, 12 февруари 2022 (МИА) – Најтрофејниот македонски женски кошаркарски клуб Бадел 1862, изрази целосно несогласување со начинот на бодување и рангирање на женските кошаркарски клубови при распределбата на спортските ваучери од страна на Агенцијата за млади и спорт. Во продолжение го пренесуваме соопштението до јавноста на ЖКК Бадел 1862: - Сакаме јавно да споделиме бројни неправилности при рангирањето и поделбата на спортските ваучери,од страна на Комисијата за разгледување апликации за ваучери при КФСМ,во состав: Владимир Георгиевски-генерален секретар Тодор Гечевски – спортски директор и Славјанка Ристановска. Доделени се 20 бодови на екипата на КК Крива Паланка за број на активни/регистрирани играчи,за да се добијат волку бодови треба да има повеќе од 100 регистрирани играчи, а согласно листите на регистрирани играчи објавени на веб страницата на КФСМ има вкупно 64 играчи,при што има и преклопувања на играчи кои настапуваат во две генерации.(тоа се 10 бода повеќе). По овој основ на ЖКК Трокал доделени се 15 бодови,за што треба да има повеќе од 80 регистрирани играчи, а согласно листите на регистрирани играчи има вкупно 45,исто со бројни преклопувања ,доделени повеќе 10 бодови по овој основ. На екипата на КК Крива Паланка доделени 10 бодови за учество и остварен пласман од петто до десетто место  на Европски првенства,купови и лиги во сениорска категорија,регионални првенства,купови,Балкански лиги во сениорска категорија,на вакви натпреварувања екипата на КК Крива Паланка нема учествувано. По овој основ се доделени исто 10 бодови на КК Баскет Кам,која навистина учествува сеуште во Регионалната WABA лига ,која се уште не е заврчена и нема конечно рангирање во неа,и од тие причини во наредната распределба на ваучери може да се доделат бодови при рангирањето. Доделени 50 бодови на КК Крива Паланка,за учество во лигата со 100% домачни играчи,што не е точно, настапуваше Милена Марјановиќ од Србија и Марија Петровиќ од Цра гора, и за што екипата требаше да добие 35 бодови,што значи доделени 15 бодови повеќе. По овој основ и екипата на КК Шкупи има добиено 50 бодови, а во нивниот состав настапуваше кошаркарка од Косово,доделени 15 бодови повеќе. Доделени 30 бодови по основ на Членови на спортскиот клуб ,кои настапувале во националните репрезентации во последната натпреварувачка година, на екипата на КК Куманово, и покрај тоа што нема барем една сениорска репрезентативка како услов за добивање 30 бодови,и не само што нема не една сениорсак репрезентативка,нема ни една воопшто во било која возрасна категорија,што значи доделени дури 30 бодови повеќе. Ист е случајот со КК МЗТ Скопје,од која екипа нема ниедна сениорска репрезентативка со настап за репрезентацијата,доделени повеќе 25 бодови по достапните информации има само една репрезентативка со настап во националната стои во соопштението на Бадел. зс/

Остани поврзан