• недела, 22 декември 2024

Жичарницата на Средно Водно со продолжено работно време

Жичарницата на Средно Водно со продолжено работно време
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Жичарницата на Средно Водно, почнувајќи од утре 1 април 2022 година, ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје. Согласно ковид-протоколите, во кабина е дозволен превоз до четири лица и задолжително е носење на заштитна маска. Повратен билет чини 100 денари, а на Жичарницата е дозволен и превоз на домашни миленичиња. Трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) за време на викенди и државни празници се бесплатни за сите граѓани. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичарницата се неработни денови. ар/сп/

Остани поврзан