• понеделник, 23 декември 2024

Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно од утре со вообичаено работно време

Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно од утре со вообичаено работно време
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно од утре ќе продолжат со вообичаена работа. Како што информира ЈСП „Скопје“, согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот. Во период од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии: 25 (Транспортен центар - Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник, и 25А (Автомакедонија - Средно Водно) и 25Б (Дом на печат - Средно Водно), кои сообраќаат само за викенд и државен празник. - Превозот со сите три линии за време на викенд и државен празник се бесплатни за сите категории патници/граѓани, соопшти ЈСП „Скопје“. мд/бак/

Остани поврзан