• среда, 21 август 2024

Жител на Вратница го изгуби животот по излетување од пат со четирицикл

Жител на Вратница го изгуби животот по излетување од пат со четирицикл
Тетово, 3 август 2022 (МИА) - Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираа дека синоќа околу 22 часот жител на тетовското село Вратница, Општина Јегуновце, го изгубил животот по излетување од пат со четирицикл. Педесет и осумгодишникот починал од здобиените повреди на местото на несреќата. - На 2.8.2022 во 21:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, во тетовска Вратница, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од Н.С.(58) од Вратница, излетал од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото исвршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, информираат од СВР Тетово. Од тетовската полиција информираа дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. ас/цр  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан