• четврток, 19 декември 2024

Жителите на Пустец ќе може да добиваат бесплатна правна помош

Жителите на Пустец ќе може да добиваат бесплатна правна помош

Пустец, 18 ноември 2024 (МИА) - Жителите од општина Пустец ќе може да добиваат бесплатна правна помош врз основа на соодветниот закон на албанската влада.

- За таа цел денеска градоначалникот на општината  Пали Колефски потпиша договор за соработка со Дирекцијата за бесплатна правна помош, при Министерството за правда, информираа од Општината.

Додаваат дека договорот обезбедува пристап до правдата за граѓаните преку обезбедување на бесплатни услуги, правна помош, согласно одредбите за „правна помош загарантирана од државата“.

-Ова секако е од голема помош за нашите жители, кога се знае дека поголемиот процент се во неповолна социо-економска состојба. Има и бесплатен телефонски број 08001010, на кој може да се јават во случај на потреба,  нагласуваат од општина Пустец. вт/мд/

Фото: Општина Пустец

Остани поврзан