• петок, 22 ноември 2024

Жителите на прилепски Оревоец со иницијативи и претставки до судовите за ископот на „Бехтел и Енка“

Жителите на прилепски Оревоец со иницијативи и претставки до судовите за ископот на „Бехтел и Енка“

Прилеп, 20 мај 2024 (МИА) - Жителите на прилепски Оревоец од прилепскиот Основен суд побараа утврдување на степенот за загрозување на животната средина, загрозување на извор на вода и на животот на жителите со ископот што го прави компанијата „Бехтел и Енка“, а од Уставниот суд се бара утврдување на уставноста на член во Законот за јавен интерес.

Жителите повеќе од две недели протестираат против новиот ископ на градежен камен на конзорциумот „Бехтел и Енка“,  кој е на околу 200 метри од нивното село.

-До Основниот суд во Прилеп денеска поднесовме предлог за обезбедување докази. Постапката е итна и Судот е должен за излезе на увид на лице место со вешти лица кои ќе го утврдат степенот на загрозувањето на животната средина, уништување на изворите со вода, загрозување на жителите на Оревоец. Поднесовме и претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста на член 10, став 4 од Законот за утврдување на јавен интерес, со кој „Бехтел и Енка“ се избрани како партнер на државата во реализацијата на проектот за изградба на патиштата од коридорите 8 и 10. Се надеваме дека Уставниот суд ќе излезе во пресрет во однос на изрекувањето привремена мерка со која привремено ќе го спречи извршувањето на членот 10, став 4 од овој закон до конечно одлучување по иницијативата. Едноставни законски одредби се со кои се упатува на повреда на 3 темелни вредности од Уставот, изјави адвокатот Жаре Стеваноски.

Жителите на Oревоец продолжуваат со протестите, сметајќи дека им се загрозени животната средина, изворот на вода за пиење и ископите се речиси до селото.

Досега единствено имаат остварено средба со локалните власти на Прилеп. Најавен е вонреден инспекциски надзор на инспектор за заштита на животната средина. ем/мд/

Фото: МИА



 
 

 

Остани поврзан