• понеделник, 23 декември 2024

Жителите на Бризбејн протестираат против уривањето на училиште и парк поради изградбата на олимписки објекти

Жителите на Бризбејн протестираат против уривањето на училиште и парк поради изградбата на олимписки објекти
Бризбејн, 26 октомври 2022 (МИА) - Жители на Бризбејн протестираа против уривањето на училиште и парк поради изградба на олимписки објекти за Игрите во 2032 година. Локалните власти и организацискиот одбор на турнирот имаат намера да го реконструираат стадионот за крикет, каде се планирани олимписките натпревари. Според планот на овој проект, државното училиште „Источен Бризбејн“, изградено во 1899 година, ќе биде срушено. Сега таму учат 315 ученици. Предвидено е и уривање на паркот (Рејмонд Парк), наместо кој ќе се гради патека за тренинзи. За проектот за реновирање на стадионот се наменети 2,5 милијарди австралиски долари (1,6 милијарди американски долари). Учениците и родителите излегоа на протест против уривањето на училиштето и паркот. - Заедницата треба да се радува на Олимпијадата, но тоа нема да успее ако оваа влада сака да ги уништи училиштата и парковите со булдожер. Трошењето повеќе од 2,5 милијарди австралиски долари за уривање на јавно училиште и парк само за изградба на голем стадион за еднократен настан е огромно губење народни пари, рече членот на владата на Јужен Бризбејн, Ејми Мекмахон. Федералната влада треба да инвестира 2,5 милијарди австралиски долари во прифатливи станови, здравство и образование, наместо во план за уривање на локално училиште и парк за дополнителни 8.000 седишта за двонеделен спортски настан. Денешните демонстрации испраќаат моќен сигнал до федералната влада дека единствените луѓе кои сакаат да го продолжат овој глупав, деструктивен план од 2,5 милијарди австралиски долари се членовите на државната влада, порача членот на градскиот совет на Грифит, Макс Чендлер-Матер. Во јули 2021 година, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го објави Бризбејн, Австралија за домаќин на Летните олимписки игри 2032 година. зс/

Остани поврзан