• недела, 22 декември 2024

Живковски: Катастарот ги намали цените на услугите, сега се на потег геодетите

Живковски: Катастарот ги намали цените на услугите, сега се на потег геодетите

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Во почетокот на 2024 година, кога беа покачени цените на катастарските услуги, се зголемија и цените на услугите на приватните геодетски фирми. Ние сега ги намаливме нашите цени, на потег се геодетите - дали ќе се одважат и ќе побараат намалување и на нивните цени кон граѓаните. Но, според моите информации, за такво нешто не ни размислуваат, рече денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот портал „е-услуги“.

Живковски истакна дека Катастарот, сепак, не сака да се меша во политиката на Комората, туку сака единствено да обезбеди брзи, ефикасни и што поевтини услуги за сите корисници. 

-Согласно информациите со кои располагам, нема намалување на тарифиникот. Комората на геодети прво треба да предложи и ние да дадеме согласнот. Предлогот мора да да биде одобрен од нивна страна, но колку што имам информации, во моментов за такво нешто не ни размислуваат. Ние не би се мешале во таа политика, тоа е политика на Комората на геодети. Нашата визија и цел е да им пружиме на граѓаните и правните лица, на сите наши корисници, брза, ефикасна и што поевтина услуга, напомена директорот.

Тој потсети дека една од првите активности што ги преземал откако стапил на фунцијата, бил токму предлогот да се намалат цените на катастарските услуги до 75 проценти што веќе, рече, од пред околу три недели и функционира во пракса. 

-Тоа го најавивме од тука со премиерот Христијан Мицкоски во август. Целата постапка финишираше, прво се направи анализа која потоа беше доставена до Управниот одбор кој ја одобри, па постапката потоа се префлри во Владата, помина во Генералниот секретаријат и Комисијата за економски прашања по што беше донесена владина одлука со која се потврди новиот тарифник. Тие цени се во сила од пред околу три недели и граѓаните во моментов плаќаат 75 отсто помали цени за услугите што ги добиваат, подвлече Живковски. мч/нд/

Фото/Видео: МИА и Катастар

 

 

 

 

Остани поврзан