• недела, 22 декември 2024

Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ Тетово стана првак во македонската женска фудбалска лига

Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ Тетово стана првак во македонската женска фудбалска лига
Тетово, 28 мај 2022 (МИА) - Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ од Тетово стана првак во оваа натпреварувачка сезона 2021/2022 со победата во последното коло од Првата женска фудбалска лига. Денеска во последното коло Љуботенки ја совладаа екипата на ЖФЦ СЦ Истатов на нивен терен во Дојран со 3-1. -Сите три голови ги постигна Присцила Едите Силва во првото полувреме, во 9-та, 26 и 31-минута. Единствениот гол за домаќинките го постигна Петрушевска во 84 минута, информираа од ЖФК Љуботен. ЖФК Љуботен стана шампион со вкупно 55 бодови. Во 22-те кола овие 55 бодови се обезбедени со 17 победи и четири нерешени дуели и само еден пораз. ас/аа/

Остани поврзан