• понеделник, 30 септември 2024

Жена почина откако во неа удрило возило на патот Куманово-Крива Паланка

Жена почина откако во неа удрило возило на патот Куманово-Крива Паланка
Скопје, 7 јануари 2021 (МИА) - Седумдесет и деветгодишна кумановка почина откако била удрена од автомобил на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка. - По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ во 23:30 часот починала, информира денеска МВР. Собраќајната несреќа се случила вчера во 17:20 часот на местото викано „Ливади“. Во жената удрило возило „цитроен берлинго“ со кумановски таблички управувано од Љ.М. (66). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. фф/бак/

Остани поврзан