• сабота, 23 ноември 2024

Жан-Пјер: Поразот на Харис е дел од глобален политички тренд кој започна со ковид пандемијата

Жан-Пјер: Поразот на Харис е дел од глобален политички тренд кој започна со ковид пандемијата

 
Вашингтон, 7 ноеври 2024 (МИА) Поразот на потпретседателката Камала Харис на изборите за претседател на САД е дел од меѓународен политички тренд кој започнал со ковид пандемијата, изјави денеска Карин Жан-Пјер, портпаролка на Белата куќа.
Според неа, поразот на потпретседателката Камала Харис на претседателските избори е дел од меѓународен политички тренд кој започнал со пандемијата на коронавирусот во 2020 година.
 -И покрај сите постигања што успеавме да ги реализираме, имаше глобални пречки... поради пандемијата на ковид-19, изјави Жан-Пјер на брифингот за новинарите денеска.
 
-Тоа остави политички последици врз многу актуелни функционери, ако се погледне што се случи во светот во 2024 година, додаде таа. кб/
фото ЕПА

Остани поврзан