ЕХФ ЕУРО 2026: По ремито со Португалија, ова се математиките за пласман на македонските ракометари во второто коло
- Македонските ракометри попладнево одиграа нерешено 29:29 против Португалија и со тоа го освоија првиот бод во групата
Хернинг, 18.јануари 2026 (МИА) – Македонските ракометри попладнево одиграа нерешено 29:29 против Португалија и со тоа го освоија првиот бод во групата. За пласман во следната фаза ќе ни биде потребна математика за да стигнеме на второто место во групата.
Македонските ракометари во првиот дуел загубија од Данска со 24:36 и имаме негатива од 12 гола, додека Португалија по првиот дуел има +6 .
Во последното коло противник ни е Романија и за пласман на второто место ќе треба да имаме висока победа, а притоа Данска да стигне до убедлив триумф против Португалија.
Победа против Романија во третото коло од групата на македонските ракометари може да ни го донесе и второто место во групата, но секако ќе го чекаме исходот од дуелот на Данска и Португалија, кој се игра по нашиот натпревар.
Освојување и на третото место во групата како една од варјантите (потребна ќе биде победа над Романија) ќе значи подобар вкупен пласман и евентуално избегнување на играње на два баража за Светското првенство следната година.
мн/
Фото: РФМ