ЕХФ ЕУРО 2026: Два гола негатива за македонските ракометари против Португалија (полувреме)
- Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15
Хернинг, 18.јануари 2026 (МИА) – Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15.
Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку, а Никола Маркоски доби и црвен картон во 15.минута. Во неколку наврати Португалија во напад играше и „7 на 6“.
Голем проблем за нашиот тим во вториот дел може да биде и повредата на Иван Џонов во 26.минута и неизвесно е дали ќе биде во игра во второто полувреме.
Филип Кузмановски со 6 голови е најефикасен по 30 минути игра. мн/
Фото: РФМ