ЕХФ Еуро 2022: Франција убедлива на дербито со Црна Гора
- Репрезентацијата на Франција се доближи до полуфиналето на Европското ракометно првенство за жени, откако синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја победи Црна Гора со 27:19.
![ЕХФ Еуро 2022: Франција убедлива на дербито со Црна Гора](https://new.mia.mk/images/20221128060850_big_730x400_46.webp )
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Франција се доближи до полуфиналето на Европското ракометно првенство за жени, откако синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја победи Црна Гора со 27:19.
Франција го задржа максималниот ефект, додека Црна Гора го претри првиот пораз на шампионатот.
На другиот неделен дуел од Групата-2Холандија и Шпанија одиграа нерешено 29:29.
Табела: Франција 6 бода, Црна Гора 4, Шпанија 3, Холандија 3, Германија 2 и Романија 2.
Денес на распоредот се два натпревара од Групата-1 која се игра во Љубљана:
Норвешка – Словенија (18 часот)
Унгарија – Шведска (20:30). зс/