• понеделник, 20 мај 2024

ЕХФ Европски куп: Австриски и израелски противници за Ѓорче Петров и Чаир

ЕХФ Европски куп: Австриски и израелски противници за Ѓорче Петров и Чаир
Виена, 18 октомври 2022 (МИА) – Ракометарките на Ѓорче Петров и Чаир денеска ги дознаа противниците за третото коло во ЕХФ Купот на Европа. Противник на Ѓорче Петров ќе биде австриски Румс Џегс, додека ракометарките на Чаир ќе играат против Макаби Аразим од Израел, која во претходната рунда го елиминираше третиот македонски ривал, Куманово. Првите натпревари од третото коло се на програмата на 3 и 4 декември, додека реваншите на 10 и 11 декември. ег/хс/

Остани поврзан