• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕУ ќе ги заменува хартиените формулари за ослободување од ДДВ со електронски 

ЕУ ќе ги заменува хартиените формулари за ослободување од ДДВ со електронски 

Брисел, 18 февруари 2025 (МИА) - Советот за економски и финансиски работи на ЕУ денеска усвои нови правила кои имаат за цел целосна замена на сегашните хартиени сертификати за ослободувања од данокот на додадена вредност (ДДВ) со нов електронски формулар. 

- Денеска правиме уште еден чекор кон поедноставување и дигитализирање на нашите системи за ДДВ. Сертификатот во својата нова форма значително ќе ја намали бирократијата, изјави полски министер за финансии Анджеј Домањски, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ. 

Замената на хартиените сертификати со електронски формулар треба да ја поедностави и рационализира процедурата за компаниите и администрациите. 

Новите мерки ќе стапат во сила на 1 јули 2031 година, со дополнителен преоден период од една година во кој ќе можат да користат и електронски и хартиени формулари. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан