ЕУ ја укина забраната за „Пакистан интернешенел ерлајнс“
- Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) по четири години ја укина забраната за „Пакистан интернешенел ерлајнс“ (ПИА).
Исламабад, 29 ноември 2024 (МИА) – Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) по четири години ја укина забраната за „Пакистан интернешенел ерлајнс“ (ПИА).
ЕАСА во јуни 2020 година ја суспендираше дозволата на ПИА да лета во ЕУ, бидејќи имаше сомнежи дека пакистанските власти и пакистанската управа за цивилно воздухопловство (ПЦАА) ќе се усогласат со меѓународните воздухопловни стандарди.
Забраната следуваше неколку дена откако Пакистан почна истрага за валидноста на пилотските дозволи издадени во земјата по авионската несреќа на ПИА во 2020 година, во која загинаа 97 лица. јт/
Фото: Фејсбук