• петок, 05 декември 2025

ЕУ формира центар за борба против медиумските дезинформации во Украина и Молдавија 

ЕУ формира центар за борба против медиумските дезинформации во Украина и Молдавија 

Брисел, 16 јули 2025 (МИА) – Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕДМО) формира нов регионален центар, чија задача ќе биде да ги поддржи Украина и Молдавија во борбата против дезинформациите. 

Центарот, наречен ФАКТ, ќе ги открива и анализира манипулативните и дезинформациски кампањи, особено по потекло од Русија, а во тие рамки ќе ги следи и состојбите во Молдавија во пресрет на есенските парламентарни избори, со цел да придонесе за обезбедување на интегритетот на изборниот процес. 

Инаку, ова е 15 регионален центар на ЕДМО и прв наменет за земји надвор од ЕУ и Европската економска област (ЕЕА). 

ЕДМО и неговите регионални центри се независни од кој било национален или јавен орган во ЕУ и вклучуваат организации кои се придржуваат до највисоките стандарди за професионален интегритет, етичко однесување и независност. сп/са/ 

Фото: ЕУ 

Остани поврзан