• вторник, 13 јануари 2026

ЕУ по израелското признавање на Сомалиленд: Ја потврдуваме важноста од почитување на територијалниот интегритет на Сомалија

ЕУ по израелското признавање на Сомалиленд: Ја потврдуваме важноста од почитување на територијалниот интегритет на Сомалија

Брисел, 29 декември 2025 (МИА) – Европската Унија ја потврдува важноста од почитувањето на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сојузна Република Сомалија согласно нејзиниот Устав и Повелбите на Африканската Унија и Обединетите нации, соопшти Европската служба на надворешни работи.

- Тоа е клучно за мирот и стабилноста на целиот регион на Рогот на Африка, се наведува во соопштението на ЕЕАС по повод одлуката на Израел да го признае сомалискиот сепаратистички регион Сомалиленд како „независна и суверена држава“.

Во соопштението на ЕЕАС се додава и дека ЕУ охрабрува суштински дијалог меѓу Сомалиленд и Сојузната влада на Сомалија за решавање на долгогодишните разлики.

Израел е досега единствена држава во светот што го призна Сомалиленд, кој прогласи отцепување од Сомалија на 18 мај 1991 година. сп/јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан