• четврток, 26 декември 2024

ЕУ: Полскиот закон за медиуми е негативен сигнал

ЕУ: Полскиот закон за медиуми е негативен сигнал
Брисел, 12 август 2021 (МИА) - Европска Комисија денеска го критикуваше полскиот закон за ограничување на странската сопственост врз домашни медиумски компании, што беше усвоен од Долниот дом на Парламентот. - Плурализмот во медиумите и разновидноста на мислењата се она што силните демократии го поздравуваат, а не борбата против нив. Полскиот нацрт-закон за емитување испраќа негативен сигнал, напиша на Твитер потпретседателката на ЕК, Вера Јурова. Полските пратеници синоќа го усвоија нацрт-законот со 228 гласови „за“, 216 „против“, а 10 беа „воздржани“. ми/

Остани поврзан