• петок, 22 ноември 2024

ЕУ повика на воздржаност и почитување на владеењето на правото во Црна Гора

ЕУ повика на воздржаност и почитување на владеењето на правото во Црна Гора
Брисел, 25 јуни 2020 (МИА) - Европската унија им порача на властите во Подгорица дека внимателно го следи развојот на случувањата во Црна Гора, особено во Будва, со повик до сите инволвирани страни да покажат воздржаност и да го почитуваат владеењето на правото. Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандес истакна дека сите евентуални повреди на законот треба да ги решаваат надлежните локални власти, согласно националното законодавство и релевантните меѓународни стандарди. - Како што е претходно соопштено, ЕУ ги повикува сите политички актери да покажат почитување кон владеењето на правото и демократските принципи, и да покажат политичка зрелост со цел сами да најдат одржливо решение за актуелната ситуација, преку дијалог и во духот на меѓусебно почитување, порача Хернандес. гт/

Остани поврзан