• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ одвојува милијарда евра за Тунис во обид да ги запре мигрантите преку Медитеранот

ЕУ одвојува милијарда евра за Тунис во обид да ги запре мигрантите преку Медитеранот

Тунис, 11 јуни 2023 (МИА) -  Европската унија ќе додели повеќе од една милијарда евра помош за Тунис за закрепнување на економијата и јавните финансии.

-Парите ќе бидат наменети и за спроведување на договорот за борба против миграциската криза, изјави денеска во Тунис претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен кажа дека 900 милиони евра ќе бидат исплатени како макрофинансиска помош на Тунис, плус 150 милиони евра како буџетска поддршка, пренесуваат британските медиуми.

Претседателката на ЕК посочи дека ЕУ годинава на Тунис ќе му обезбеди и 100 милиони евра за управување со границите, пребарување и спасување и борба против шверцот на мигранти.

ЕУ, како и другите големи донатори на Тунис, досега ја условуваше својата поддршка со финализирање на програмата за заем со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но тунискиот претседател Каис Саид ги отфрли клучните реформи што се бараат со планот. 

Фон дер Лајен е во посета на Тунис заедно со холандскиот премиер Марк Руте и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Мелони, која, исто така, беше во Тунис и минатата недела, инсистираше ММФ да ги олесни условите за заемот.

Мелони денеска изјави дека ЕУ и Тунис веќе потпишале заедничка декларација која ја поздравила како важен чекор кон создавање вистинско партнерство, наведувајќи дека има шанса договорот за помош да се финализира до крајот на јуни, пред одржувањето на Европскиот совет. сд/

Остани поврзан