• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ е во опасност од смрт одвнатре и однадвор

ЕУ е во опасност од смрт одвнатре и однадвор

28 ноември 2023

АФП

Последната вест која ја потресе ЕУ е победата на евроскептичниот и имиграциски противник Герт Вилдерс на изборите во Холандија, пишува Франс прес.

Без разлика дали се на власт во земји како Италија, Унгарија и Словачка, или постојано добиваат сила, како во Франција, Германија и Шпанија, се чини дека моментот е во корист на екстремно десничарските партии.

„Избори по избори, гледаме дека крајната десница постигнува огромен успех“, изјави францускиот европратеник Рафаел Глаксман за радиото Франс 2 во петокот.

„Европската унија е во опасност од смрт од внатре и однадвор“, изјави францускиот европарламентарец.

Подемот на екстремно десничарските партии, чии темели се национализмот и противењето на имиграцијата, започна кон крајот на 1970-тите, а во 2015 година нивната популарност вртоглаво порасна кога стотици илјади Сиријци пристигнаа во Европа бегајќи од граѓанската војна.

Кариерата на Герт Вилдерс е изградена на антиисламска реторика, се сеќава тој и додава дека Џорџа Мелони, исто така, водеше кампања главно во Италија на теми против имиграцијата, додека Шведска е предводена од коалиција со поддршка на екстремната десница, која ветува помал број имигранти.

Исто така, во политиката на Франција, Германија и Шпанија често доминираат дебати за идентитетот и имиграцијата.

Во Холандија, традиционалната централнодесничарска партија ВВД „немаше сила да ги контролира дебатите за темите што Вилдерс ги претпочиташе“, рече Јоханес Хиље, германски изборен стратег и автор на книгата „Пропаганда 4.0: како екстремно десничарски популистите се занимаваат со политика“.

„И другите партии од конзервативниот спектар низ Европа ја изгубија својата доминација на десницата“, додава тој.

Тој потсетува дека за време на кампањата, Вилдерс зборуваше против елитите, стравувањата од имиграцијата и културните промени и ревизијата на социјалната помош.

Се посочува дека Вилдерс и италијанската премиерка Мелони следеле стратегија на „де-демонизација“ на француската лидерка на крајната десница Марин Ле Пен, ублажувајќи ја нивната реторика кога се чинела корисна за изборите.

„Не дека ги сменија ставовите, туку малку поинаку ги изразуваат за да бидат попривлечни, за да ја надминат емотивната бариера“, вели Хиље.

Мелони на тој начин ја поддржа Украина и го намали нејзиното непријателство кон ЕУ, а француски дипломат неодамна изјави за АФП дека Мелони е „добредојдено изненадување“ во меѓународните прашања.

„Но, во внатрешната политика таа го прави токму она што го вети, ги намалува социјалните бенефиции, зазема тврд став кон бегалците“, посочи Хилје.

Многу од главните конзервативни партии веќе прифаќаат екстремно десничарски идеи или размислуваат за соработка. Така, политичарите од германската ЦДУ понекогаш отворено размислуваат за регионални коалиции со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), додека француските републиканци често се обидуваат да го надминат екстремно десничарскиот Национален собир во нивниот став кон мигрантите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан