• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ додава 160 руски олигарси и членови на парламентот на листата санкции

ЕУ додава 160 руски олигарси и членови на парламентот на листата санкции
Брисел, 9 март 2022 (МИА) - Европската унија се согласи да додаде 146 членови на Горниот дом на рускиот Парламент и 14 олигарси и роднини поврзани со Кремљ на списокот со санкции поради војната на Москва во Украина, соопштија официјални лица. „Дополнително ја заоструваме мрежата на санкции како одговор на руската воена агресија против Украина“, објави на Твитер шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Санкциите ќе го опфатат и банкарскиот сектор на Белорусија, извозот на воена поморска технологија во Русија и крипто имот. аа/

Остани поврзан