• петок, 22 ноември 2024

ЕУ ги харминизира стандардите за медицинска опрема

ЕУ ги харминизира стандардите за медицинска опрема
Брисел, 25 март 2020 (МИА) – Европската комисија усвои одлука за усогласување на стандардите за медицинска опрема, што треба да им овозможи на производителите да пласираат производи со високи перформанси на заедничкиот европски пазар со цел заштита на пациентите, здравствените работници и граѓаните. Претставници на Европската комисија наведуваат дека хармонизираните стандарди играат главна улога во моменталната пандемија на коронавирусот, бидејќи тие се однесуваат на критични делови од опрема како што се медицински маски за лице, хируршки завеси, заштитни одела, средства за пеерење, дезинфекција и стерилизација. Тие исто така наведуваат дека употребата на овие стандарди ќе им овозможи на производителите на медицинска опрема и други заинтересирани економски чинители да се прдржуваат до здравствените и безбедносните услови на законодавството на ЕУ, земајќи ги предвид најсовремените технички решенија. - Со овие мерки го забрзуваме влегувањето на безбедна, основна медицинска опрема и уреди на пазарот на ЕУ. Овие уреди се клучни за здравјето на нашите лекари со цел да продолжат да спасуваат животи, изјави еврокомесарката за здравство н Стела Киријакидес. ЕУ претходно распиша три тендери за заедничка набавка на медицинска опрема, која вклучува заштитни маски, респиратори и лабораториска опрема. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан