• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ воведе санкции против руски официјални лица поради труењето на Навални

ЕУ воведе санкции против руски официјални лица поради труењето на Навални
Брисел,15 октомври 2020 (МИА) - Советот на ЕУ соопшти дека од денеска стапува на сила дополнувањето на списокот санкции против руските претставници за употреба на хемиско оружје. Санкциите беа воведени по труењето на Сергеј Скрипал во 2018 година, а денеска списокот се шири поради обидот за атентат на опозиционерот Алексеј Навални. На проширената листа се вклучува началникот на дирекцијата за внатрешна политика во претседателската администрација на Руската Федерација; првиот заменик началник на руската претседателска администрација; ополномоштен претставник на претседателот Владимир Путин во Сибир; директорот на Федералната служба за безбедност; двајца заменици министри за одбрана на Руската Федерација; Рускиот државен истражувачки институт за органска хемија и технологија. Оние што се наоѓаат на имаат заплена на имот и забранет влез во ЕУ. На граѓаните и на организациите на ЕУ им е забрането да обезбедуваат средства за оние кои се опфатени со санкциите. паг/  

Остани поврзан