• четврток, 27 јуни 2024

ЕУ вети повеќе од две милијарди евра за поддршка на сириските бегалци

ЕУ вети повеќе од две милијарди евра за поддршка на сириските бегалци

Брисел, 27 мај 2024 (МИА) - Европската унија денеска вети повеќе од две милијарди евра за поддршка на сириските бегалци во целиот регион и ги отфрли сите разговори за нивно можно враќање во татковината, наведувајќи дека нема услови за нивно доброволно и безбедно враќање.

-Нашата посветеност не може да заврши само со финансиски ветувања, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на почетокот на конференцијата за Сирија што се одржува во Брисел, пренесуваат британските медиуми.

Тој истакна дека и покрај недостатокот на напредок, напорите мора да се удвојат за да се најде политичко решение за конфликтот, решение што ги поддржува аспирациите на сирискиот народ за мирна и демократска иднина.

Во Брисел се одржува осмата донаторска конференција на Европската унија „Поддршка на иднината на Сирија и регионот“.сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан