• петок, 05 декември 2025

Еурофарм Пелистер со триумф над Загреб стартуваше во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер со триумф над Загреб стартуваше во Лигата на шампиони

 

Битола, 10 септември 2025 (МИА) - Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со победа ја почна новата сезона во европската Лига на шампиони, откако вечерва во Битола го совлада хрватски Загреб со 25:23 (13:12).

Успехот беше најавен на почетокот од средбата кога домаќините поведоа со четири голови разлика 8:4, а најдраматично беше на почетокот од вториот дел кога гостите поведоа со 14:15.

Во завршницата на сцена стапи домашниот голман, иранскиот интернационалец Хеидарирад кој одбрани во клучни моменти од средбата, а на крајот го постигна победоносниот гол.

Најефикасни на дуелот беа Манасков со осум и Главаш со седум постигнати голови. мт

ФОТО: МИА

Остани поврзан