Еурофарм Пелистер го освои ракометниот Суперкуп
- Еурофарм Пелистер го освои годинешниот ракометен Суперкуп на Македонија откако вечерва го совлада Вардар со 31-22.
Скопје, 11 август 2021 (МИА) - Еурофарм Пелистер го освои годинешниот ракометен Суперкуп на Македонија откако вечерва го совлада Вардар со 31-22.
Вардар тргна подобро и на почетокот од натпреварот имаше предност, меѓутоа битолчани успеаја да останат во мала негатива која што на полувремето ја изедначија на 14-14.
Тимот од Битола имаше доминација и постојана висока предност во второто полувреме и со многуте одбрани на голманот Секељ успеа да дојде до убедливо водство кое ги однесе до победа.
Ова е прв трофеј за Еурофарм Пелистер со кој се прекинува долгогодишната традиција на Вардар како освојувач на купот.
Натпреварот се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, а правдата ја делеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. ар/сп/