• петок, 22 ноември 2024

Еурофарм му посака „добредојде дома“ на Никола Митревски

Еурофарм му посака „добредојде дома“ на Никола Митревски

Битола, 14 март 2024 (МИА) - Никола Митревски по четири години се враќа во својот матичен клуб. Од сезоната 2024/25 ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер. Договорот беше потпишан денес во просториите на клубот.

- Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони, соопштија од клубот.

По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на битолчани. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар. дс

Фото: Фејсбук/РК Еурофарм Пелистер

Остани поврзан