• вторник, 17 декември 2024

„Еуроинвест Медиу“ реагира дека МНР го одоговлекува тендерот за реконструкција на дипломатски објект во Цирих

„Еуроинвест Медиу“ реагира дека МНР го одоговлекува тендерот за реконструкција на дипломатски објект во Цирих

Скопје, 20 декември 2023

Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, почитувајќи ги сите законските прописи и исполнувајќи ги сите услови, изврши пријавување на тендерот за градежни работи и реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих, објавен од Министерството за надворешни работи со Оглас бр. 19953/2023.

Без разлика дали поради фактот што се работи за сложен зафат, во друга земја - Швајцарија, или од недостаток на интерес, на огласот не беше пријавена друга компанија, законските прописи не дозволуваат тоа да претставува ограничување за Договорната страна да не ја заврши тендерската постапка и да склучи договор со нас за изведување на реконструкцијата.

Иако законските рокови за донесување одлука не се поминати, фактот што само за една компанија не е донесена одлука говори дека Министерството за надворешни работи го одолговлекува финализирането на постапката и конечниот избор на ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ за изведбените работи.

Свесни сме дека фактот што седиштето на нашата компанија е по Зајас претставува атрактивна политичка информација, но тоа не смее да претставува ограничувачки фактор за нашата економска, техничка, кадровска и стручна екипираност за изведуване на предвидените градежни зафати.

Напротив, ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ претставува сериозна компанија, со бројни успешни проекти зад себе, со голем број вработени кои ја остваруваат својата лична егзистенција преку придонесот во работата на компанијата, како и бројни кооперанти, соработници и добавувачи. Во името на сите овие групи, сакаме да реагираме навреме и до МНР како договорен орган, но и до јавноста.

Недостатокот од одлука, или одбивање да се одбере ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ заради седиштето на компанијата во с. Зајас, ќе го сметаме за флагрантно кршење на основните права и слободи на граганите на земјава, како и незаконски однос кон бизнис секторот кој ги нарушува основните правила на пазарната економија.

Секоја таква одлука компанијата ќе ја обжали до сите правни и правосудни инстанци, а соодветно ќе бидат известени и органите за добро владеење, органите за спречување корупција, невладините организации, медиумите, како и амбасадите на земјите кои имаат дипломатски претставништва во земјава.

Еуроинвест медиу

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан