• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ-дипломат: Веќе е доцна сè да се договори со Лондон

ЕУ-дипломат: Веќе е доцна сè да се договори со Лондон
Брисел, 16 ноември 2020 (МИА) - Во Брисел оценуваат дека сега е јасно оти до крајот на годината и завршувањето на транзицискиот период нема да биде можно сè да се договори и да се ратификува договорот со Велика Британија за Брегзит. - Крајниот рок за постигнување договор најверојатно е 31 декември, но веќе сега знаеме дека не е можно сè да се договори и да се добие ратификација во Европскиот парламент. Верувам дека е веќе доцна за тоа, сега мораме да видиме што понатаму, оцени неименуван висок дипломат на ЕУ. Претставниците на Брисел нагласуваат дека во тек се интензивни преговори со Лондон и оти сè уште се чекаат резултатите во облик на договор за идните односи. - Ајде да видиме дали до тоа ќе се дојде до крајот на оваа недела или кога било или дали тоа воопшто ќе биде, истакна ЕУ-дипломатот. ми/

Остани поврзан