• понеделник, 23 декември 2024

Етиката и состојбата на пазарот во фокусот на 11-та годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи

Етиката и состојбата на пазарот во фокусот на 11-та годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ), викендов ја одржа 11. годишна конференција на тема „Етиката и состојбата на пазарот“. 

Во првиот дел на конференцијата се обратиле Нике Коцијанчиќ Покорник од Словенија која зборувала за етичкиот кодекс и стандардите за преведувачите во Словенија и предизвиците со кои се соочуваат, како и Светлана Наумовска, администраторка на Фејсбук групата „Превод кога е најпотребен“. Бил презентиран и Етичкиот кодекс на Здружението од страна на Ана Попова – Манасиевска, секретар на ЗПРМ.

Во попладневната сесија се дискутирало за состојбата на пазарот од аспект на сите чинители како што се самостојните преведувачи и претставници на агенции и организатори на настани, а биле споделени искуствата и предизвиците поврзани со условите за работа, квалитетот и професионалноста во обезбедувањето на услугите на толкување и превод, како и потребата од поголема соработка и развој на пазарот. сх/бак/

Фото: ЗПРМ

Остани поврзан