• понеделник, 23 декември 2024

ЕСП: Засега нема договор за коалиција со Алијанса на Албанците

ЕСП: Засега нема договор за коалиција со Алијанса на Албанците

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Портпаролот на Европскит сојуз за промени Астрид Исени денеска на прес-конференција изјави дека има некаква согласност, но дека нема договор со Алијансата на Албанците да биде дел од опозицискиот блок. Најави дека за тоа, Европскиот сојуз за промени ќе информира во наредните денови. 

-На средбата изминативе деновиве со косовскиот премиер Албин Курти, има некаква согласност дека ќе биде дел од опозицијата, но нема некој договор. За тоа ќе бидете информирани во деновите што следат, изјави на денешната прес-конференција во прес-центарот на ЕСП портпаролот Исени.

Дополнително ќе информираат, како што кажа, и за тоа кој ќе биде нивен претседателски кандидат откако ќе разговараат во коалицијата. 

Лидерот на АА Арбен Таравари денеска потврди дека било разговарано тој да биде кандидат на опозоцијата за претседател, но за МИА тој рече дека не е заинтересиран за тоа. вг/ев/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан